Оваа недела jа завршуваме со уште една одржана работилница – овојпат на тема „Комуникациски вештини“. Во свет каде ефективната комуникација е клучна, овој петок заедно со нашите учеснички работиме на зајакнување на гласовите на жените!
Зголемување на самодовербата, градење на трајна врски, навигација на предизвици и напредување во кариерата се само дел од придобивките кога зборуваме за развивање и зајакнување на комуникациски вештини. Тимот на ЕПЛ ТРИ останува доследен на својата мисија, и работи на зајакнување на способноста на жените да комуницираат самоуверено и ефективно, без разлика дали е тоа на нивното работно место или во социјални средини.
Оваа активност е дел од проектот „Зајакнати жени – Отпорно општество“, финансиран од Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ во рамките на пошироката рамка на проектот финансиран од ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.