Овој петок започнавме со првата Работилница за управување со конфликти од серијалот на работилници чија цел е зајакнување на жени во нашата заедница.
Работилницата беше успешна, обединувајќи разновидна група жени желни да ги подобрат своите вештини за навигација и решавање на конфликти. Преку презентации и интерективни вежби обезбедивме вредни сознанија и практични стратегии и ги поттикнавме нашите учеснички да се соочат со предизвици! Оваа работилница не е само за справување со конфликтите; се работи за зајакнување на жените да напредуваат во различни аспекти од нивниот живот.
Нашата цел е да создадеме простор за поддршка за жените да учат, растат и поврзуваат. Со подобрување на вештините за управување со конфликти, учесниците ќе добијат вредни алатки за надминување на пречките и градење на издржливост.
Оваа активност е дел од проектот „Зајакнати жени – Отпорно општество“, финансиран од Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ во рамките на пошироката рамка на проектот финансиран од ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.