Споделуваме дел од атмосферата од денешната работилница „Јакнење на кариера“. Учесничките имаа можност преку работа во групи да се запознаат со оваа тема и да ги зајакнат своите вештини во полето на кариерен развој.
Оваа работилница е дел од проектот „Зајакнати жени – Отпорно општество“, финансиран од Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ во рамките на пошироката рамка на проектот финансиран од ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.