Успешно завршен Baking YL клуб. Прекрасно поминато време со младите bakeri Зборувавме за месење, печење, како преку тоа создаваме уметнички дела, правиме вкусни нешта за другите и метагофично кажано тоа е форма на релаксација.
Дополнително пренесувавме вештини од постарата на помладата генерација – вештините на пекарството но исто така и вештините за љубов, грижа и задоволство за другите.
Зборевме и за трпението како важна карактеристика која треба да ја поседуваме при месење а воопшто и во животот.
Оваа активност е од проектот „Мома меси на маса“.