Дојдете и вкусете ја магијата!
Оваа сабота од 18 часот, нашата Билјана ќе биде дел од WYLD LIFE Baking Club Young Life.
Печењето не е само уметност; тоа е вештина која се развива и совладува. Без разлика дали сте искусен пекар или почетник, овој настан е отворен за сите тинејџери. Придружете ни се за вечер исполнета со забава, креативност и неверојатна арома на свежо печени креации.
Оваа активност е од проектот „Мома меси на маса“, чија цел е пренесување на вештини помеѓу помладата и постарата генерација.