Успешно ја завршивме првата обука за „Родово одговорно буџетирање“, која се одржа на 16ти мај 2023 година (вторник) во просториите на Општина Чаир, од 10 до 14 часот, во рамките на проекот „Глас и ехо –креирање подобри услови за родово одговорно буџетирање во општина
Чаир“, во рамки на ЕУ проектот„Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи,
следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“
Веднаш по завршувањето на обуката, следеше основачкиот состанок на меѓуресорната работна група, на кој накратко учесниците ги запознавме со нашата мисија и визија, целите на проектот и акцијата која здружението ЕПЛ ТРИ ја имплементира.