Претставник од тимот на ЕПЛ ТРИ оствари средба со Лаурен од САД, која моментално работи на проект за и со Ромите во нашата држава.Нашето здружение го препознава значењето на работа со Роми и Ромки,поради тоа што се поттикнува културното разбирање, преку кое се разбиваат стереотипите.
Преку вакви проекти и активности се промовира социјална интеграција и зајакнување, се залага за човекови права, се поддржува развојот на заедницата и придонесува за одржливи општествени промени.
Само преку соработка со ромските заедници и директно вклучување на истите, можеме да создадеме поинклузивно, правично и хармонично општество кое ја цени различноста, се справува со системските предизвици и обезбедува благосостојба и учество на сите поединци.