Здружението за напредок, поддршка и одржлив развој ЕПЛ ТРИ објавува повик за експерт за работилница за правно советување.
Овој повик е дел од проектот „Зајакнати ЖЕНИ – ОТПОРНО ОПШТЕСТВО“, финансиран од Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ во рамките на пошироката рамка на проектот финансиран од ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Целосниот повик како и услови за работа може да ги најдете подолу.
Оваа можност нуди шанса да се придонесе за зајакнување на жените и зајакнување на нивната отпорност во Северна Македонија, правејќи значајно влијание врз општеството.