🎉 Денес го имавме последниот состанок во склоп на нашиот проект „Глас и Ехо“, како дел од „Низ женски леќи“. Горди сме што преку овој проект постигнавме одлични резултати и создадовме позивитно влијание во нашата заедница, особено на полето на родово одгвоорно буџетирање.
Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до Центарот за истражување и креирање политики за нивната доверба и поддршка што го овозможија овој проект. Исто така, сакаме да ја изразиме нашата длабока благодарност до Општина Чаир за нивната извонредна отвореност и посветеност да учествуваат во нашиот проект. Заедно, направивме чекор поблиску да ја направиме нашата заедница подобро место за сите. 🏘️