🌟 Среќни сме што може да споделиме дека минатата недела го одржавме долго очекуваниот промотивен настан за проектот „Креирање работна средина во општина Чаир” поддржан од European Endowment for Democracy. Овој настан се одржа во срцето на нашата заедница во близина на канцелариите на ЕПЛ ТРИ и општина Чаир.
Настанот беше од отворен тип, и убавата атмосфера ги поттикна жителките на општина Чаир да дојдат и подобро да се запознаат со целите и активностите на проектот, но и со мисијата и визијата на нашето здружение. Дополнително, настанот имаше и додадена вредност на вмрежување овозможувајќи жените и девојките да се запознаат со преставнички од општината и да разменат мислење,интереси и препораки. 🤝
Нека овој настан биде одличен вовед за сѐ што нѐ очекува во следните месеци, и за што тимот на ЕЛП ТРИ работи секојдневно!