Зајакнувањето на младите започнува со нас!
Во ЕПЛ ТРИ веруваме дека иднината им припаѓа на младите и во наши раце е да направиме позитивно влијание! Затоа нашиот тим учествуваше во Young Life Club каде имавме можност да се дружиме и разговараме со најмладите поттикнувачи на промени.
За време на нашите дискусии зборувавме за посета на рурланите области со цел да ги зајакнеме младите девојки и да се осигураме дека нивниот потенцијал ќе биде остварен. Дополнително осмисливме креативни клубови кои поттикнуваат иновации и соработка преку развивање на разновидни вештини. А за да почнеме со сето ова важна е средината во која работиме – па затоа една од нашите први цели е токму одржување на чиста и здрава животна средина.
Со ова го славиме успешно завршениот прв Young Life Club од есенскиот семестар. Заедно, можеме да направиме разлика!