Мома меси на маса

Дали знаете дека многу млади жени се соочиле со предизвици во подготовката на традиционални јадења поради временските ограничувања и потребата за унапредување на други професионални вештини? 

Преку нашата работа, како ЕПЛ ТРИ, го променивме овој наратив, охрабрувајќи ја помладата генерација со знаење и вештини да го пренесе наследството на нашите предци.  Се впуштивме во мисија да ја оживееме уметност на правење леб и да го зачуваме нашето богато културно наследство. Заедно, преку проектот Мома меси на маса ја обновивме традицијата на месење леб и изработка на домашни производи од брашно, поттикнувајќи убава врска меѓу генерациите. 🥖👵

На 20.07.2023 година организиравме настан во Демир Хисар, каде се собраа околу 20 членки на нашето здрушение од Скопје и Битола. Искусните жени ги менторираа и ги зајакнаа младите жени, пренесувајќи ги тајните на правењето тесто и магијата на „стартерот“ (квасецот од тестото). Преку оваа активност, успешно го прекинавме циклусот на изгубени традиции, осигурувајќи дека суштинските вештини и се предаваат на следната генерација. 

Во склоп на овој проект, покрај работилницата за споделување на вештини беа изработени флаер и публикација достапни за сите оние кои сакаат да научат повеќе. Публикацијата е мал прирачник за тоа, како нашите предци, нашите мајки и баби подготвувале, меселе и печеле леб во услови кога лебот бил главна состојка во исхраната на нашето население, кога фамилиите биле многубројни, па еден ден од неделата домаќинката го трошела само за месење и печење на леб. 

Scroll to Top