Во денешното дигитално доба, заштитата на личните податоци претставува приоритет и потреба за секој поединец. ЕПЛ ТРИ ја препознава важноста на оваа тематика и затоа во периодот од 13-14 септември 2023 година учествуваше на Обука за заштита на лични податоци – „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. 💻🌐
Нашите активни членови имаа можност да ги:
📚 Зголемат сопствените знаења за националната правна рамка за заштита на личните податоци.
💪 Зајакнат способностите и капацитетите на нашето здружение во оваа област.
🛡️ Превенираат, препознаат, да се справат и да ги совладаат потенцијалните ризици по заштитата на личните податоци, вклучително и при користење електронски јавни услуги.
Остануваме посветени на изградба на побезбеден и поинклузивен дигитален екосистем.