Денес се одржа работен состанок на Меѓуресорска работна група посветена на дискусија и истражување на потенцијалните иницијативи за следниот период во рамките на активностите кои ги спроведува нашето здружение, ЕПЛ ТРИ. За време на состанокот беше поттикнатата дискусија за потенцијални иницијативи и идеи во полето на родово одговорно буџетирање. 🤝
Една таква иницијатива која произлезе од денешниот работен состанок е токму обезбедувањето на бесплатни менструални производи во училиштата.💜📚 Бесплатни менструални производи во училиштата имаат за цел да ја елиминираат менструалната сиромаштија, и да обезбедат секој ученик да се фокусира на своето образование без непотребни оптоварувања. 🎓🌸
Возбудени сме што работиме заедно со поединци и засегнати страни кои ја споделуваат нашата визија за поинклузивен локални заедници. Со обезбедување на простор за дискусија успеавме да ги мапираме најгорките прашања во областа на родово одговорно буџетирање на локално ниво.
Следете не за да бидете во тек со работата на нашата Меѓуресорска работна група, додека се стремиме да ја претвориме оваа визија во реалност.