👩 Тимот на ЕПЛ ТРИ имаше продуктивна средба со со координаторката на проектот „Рамноправни и задоволни граѓани“ од Еко Вита на која разговаравме за тековните активности и ги истраживме можностите за идна соработка.
📑 За време на состанокот, ги истакнавме потенцијалните области за соработка меѓу нашите организации и како можеме да работиме заедно за да ги подобриме правата и задоволството на граѓаните. Разговаравме за споделување ресурси како информации за споделување на придобивките од природата – собирање на чај и други еко практики, работилници за обука и заеднички промотивни активности како потенцијални начини за соработка.