Јавна дебата на тема „Предизвиците на малите формални и неформални бизниси во општина Чаир од родова перспектива“

Јавната дебата е дел од активностите на проектот „Глас и ехо – креирање подобри услови за родово одговорно буџетирање во општина Чаир“ кој граѓанската организација Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени-Apple Tree го имплементира во периодот Март 2022-Септември 2023, а во рамки на програмата за подгрантисти на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“. Учесници на дебатата ќе бидат претставници од општината, Здружението за напредок, поддршка и одржлив развој на жени-Apple Tree, тимот „Низ женски леќи“, локалните граѓански организации како и пошироката јавност. 

Локалните дебати во голема мера ќе придонесат за поголема транспарентност на процесот на родово одговорно буџетирање од страна на локалните самоуправи, но и ќе им овозможат на граѓанските организации да ги претстават своите модели на политики и препораки. На овој начин, на граѓаните ќе им се даде можност да учествуваат во процесот на донесување одлуки и во следењето на спроведувањето на овие политики. 

Јавните дебати се одржуваат во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира.

Scroll to Top