Oбука „Презентациски вештини“

Тимот на ЕПЛ ТРИ учествуваше на обуката „Презентациски вештини“ организирана од Центарот за бизнис и иновации при Универзитетот на Југоисточна Европа, во склоп на проектот „Вклучување на жените од обесправените групи во климатско паметно претприемништво и иновации“.

Обуката ја водеше проф. Нероида Селими, која ни обезбеди низа ефективни техники за презентација и вредни сознанија. Во текот на обуката тимот на ЕПЛ ТРИ се стекна со знаења за важноста на ефективната комуникација, како да ги структурираме нашите презентации за максимално влијание и како да ја вклучиме и убедиме нашата публика. Беше инспиративно да се види посветеноста на тимот за нивната работа и да се научи од нивните искуства во презентирањето на мисијата и целите на нивната организација.

Оваа обука несомнено ќе ни послужи во нашите идни проекти, и ние како ЕПЛ ТРИ сме благодарни за можноста да учествуваме и да се стекнеме со вредно и збогатувачко искуство.

Scroll to Top