Здружението за напредок, поддршка и одржлив развој на жени ЕПЛ ТРИ се занимава со поддршка на жените, помош за креативно изразување преку креативни работилници, програми и споделување искуства, донација на облека, помош при вработување и различни проблеми со кои се соочува женската популација. Исто така нашето здружение работи на поттикнувањето на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението.
Поттикнување, следење и развивање на креативноста и критичкото мислење кај жените и поттикнување на самодовербата кај жените;
Организирање на обуки, кафе – состаноци, евенти за горенаведените цели, клубови за жени и девојчиња;
Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на здружението.