Здружението ЕПЛ ТРИ има цел да ја зајакне општата свест за значењето на жената во општеството, нејзиниот напредок, омоќнување и креативно изразување. Дополнително, во фокус на нашата работа е токму развивањето и зајакнувањето на претприемачки вештини кај жените и нивна поддршка во зголемување на можностите во полето на бизнис.
Нашите активности се насочени кон зголемување на самодовербата и волјата за учество на жените во носење на клучни и општествено одговорни одлуки, согласно нивните можности, потреби и предизвици. Дополнително, преку нашата работа промовираме соработка помеѓу жени од урбани и рурални средини со цел да се намали постоечкиот дискриминирачки јаз меѓу нив.
НАШАТА ВИЗИЈА И МИСИЈА
ВИЗИЈА
Одбирање соодветен начин каде женитe ќе излезат од постоечката матрица, ќе се усовршат преку практични примери, дискусии и состаноци, настани.
МИСИЈА
Поддршка и напредок на жените, менување на нивниот начин на живот и поттикнување да се отваруваат во животот, да се менуваат и се отвараат кон нови животни предизвици.
ЦЕЛИ
Поттикнување, следење и развивање на креативноста и критичкото мислење кај жените и поттикнување на самодовербата кај жените;
Програми за „Млада жена“, одржување бизнис часови, споделување искуства и сл;
Организирање на обуки, кафе – состаноци, евенти за горенаведените цели, клубови за жени и девојчиња;
Помош и донација на облека и меѓусебна соработка;
Помош при изработка на апликации за вработување и интервјуирање;
Советување и едукативни настани;
Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
Организирање на стручни и научни предавања, работилници и презентации и соработка со други земји;
Спроведување истражувања од областите на интерес и други работи;