Apple Tree

Наративен извештај

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2021 ГОДИНА

Здружение за напредок, поддршка и одржлив развој на жени ЕПЛ ТРИ Скопје
ул. Џон Кенеди 27-5/12, Скопје Република Северна Македонија
Контакти: Тел.: 076/446-792,
e-mail: appletreebiljana333@gmail.com,
web site: www. HYPERLINK “http://www.appletreeskopje.mk/”appletreeskopje.mk
Претседателка: Билјана Атанасовска
Координаторка: Наташа Здравковска
Фотографии: Фотоархива на ЕПЛ ТРИ
Подготвила и уредила: Билјана Атанасовска

За Здружението:
Основната идеја за формирање на ова женско Здружение беше желбата за напредување, вмрежување, поддржување и поттикнување да станеме подобри и покреативни. Здружението за напредок, поддршка и одржлив равој на жени ЕПЛ ТРИ (Apple Tree) се занимава со поддршка на жените, помош за креативно изразување преку креативни работилници, програми и споделување искуства, донација на облека, помош при вработување и различни проблеми со кои се соочуваат жените.
ЕПЛ ТРИ се занимава со зајакнување на свеста за значењето на жената во Општеството, нејзин напредок, охрабрување и нејзино креативно изразување. Развивање на претприемачки вештини, поддршка на жените, можности за бизнис жените ширум светот. Зголемување на самодовербата и волјата за учество на жените во носење на клучни одлуки, општествено одговорни одлуки, согласно нивните можности, потреби и предизвици. Зголемување на взамна соработка на жените од урбаните и руралните средини за да се намали постоечкиот дискриминирачки јаз меѓу нив.
Визијата на Здружението ЕПЛ ТРИ е: одбирање соодветен начин каде женитe ќе излезат од постоечката матрица, ќе се усовршат преку практични примери, дискусии, состаноци, настани и сл.
Мисијата на Здружението е поддршка и напредок на жените, менување на нивниот начин на живот и поттикнување да се отваруваат во животот, да се менуваат и се отвараат кон нови животни предизвици.

ЦЕЛИ
– Поттикнување, следење и развивање на креативноста и критичкото мислење кај жените и поттикнување на самодовербата кај жените;
– Програми за „Млада жена“, одржување бизнис часови, споделување искуства и сл;
– Организирање на обуки, кафе – состаноци, евенти за горенаведените цели, клубови за жени и девојчиња;
– Помош и донација на облека и меѓусебна соработка;
– Помош при изработка на апликации за вработување и интервјуирање;
– Советување и едукативни настани;
– Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
– Организирање на стручни и научни предавања, работилници и презентации и соработка со други земји;
– Спроведување истражувања од областите на интерес и други работи;

Проекти и вклученост
“Младите жени во зелено претприемништво YOU WEEN“

Проектот YOU WEEN!, промовира едукација за претприемништво и активности меѓу „зелените“ млади жени, преку обука за зелено размислување, подигање на свеста за одржливост и родова рамноправност, промовирање на „зелен“ развој во рурални/изолирани средини или „зелени“ урбани средини, размена на добри практики и обезбедување експертиза и знаење за унапредување на младите жени. Изработка на програми, видеа и прирачници за жените.

YOU WEEN Проект

На 28 Октомври 2021 година во хотел Арка се одржа тренинг круг од проектот Млади жени во зелено претприемништво – YOU WEEN!
На средбата учествуваа вкупно 5 млади жени.
На средбата учествуваа Андријана Богдановска,Оливера Наумовска, Марија Арсенкова, Александра и Андријана
Тренинг кругот започна согласно планираниот редослед: поздрави за добредојде, длабоко слушање, каде им разкажавме успешна приказна. Потоа настапи тивко време каде секоја поединечно почна да размилсува во насока на некоја зелена деја. Настапи фазата рефлектирање, каде секоја учесничка споделуваше свое размислување, пропратено со гестови како воодушевување, инспирации, дури и збунетост.
Беше презентирана и успешната приказна на Лилјана Спасевска – пчеларка која успешно го води бизнисот.
Генеративен дијалог- каде повторно учесничките ги потврдија своите зелени идеи.
И на крајот завршивме со заклучок и идеи и благодарности и како навистина би ги оствариле овие бизнис идеи.
Интервјуиран: Оливера
Оливера на оваа коачинг сесија покажа интерес за зелена идеја односно работа со расадник за зимзелени дрва. Истата идеја би ја реализирала во Скопје во Кисела Вода.
Интервјуиран: Андријана
Андријана на оваа коачинг сесија покажа интерес за зелена идеја – зачувување на биодиверзитетот, односно помош на жените пчеларки и работење заедничко за зачувување на пчелните семејства.

3. На 5 Ноември 2021 година во кафе бар се одржа вториот тренинг круг од проектот Млади жени во зелено претприемништво – YOU WEEN!
На средбата учествуваа вкупно 6 млади жени.
Арберие Лимани, Сара, и другите сакаа да останат анонимни.
Тренинг кругот започна согласно планираниот редослед: поздрави за добредојде, длабоко слушање, каде им раскажавме успешна приказна. Потоа настапи тивко време каде секоја поединечно почна да размилсува во насока на некоја зелена идеја. Настапи фазата рефлектирање, каде секоја учесничка споделуваше свое размислување, пропратено со гестови како воодушевување, инспирации, дури и збунетост.
Генеративен дијалог- каде повторно учесничките ги потврдија своите зелени идеи.
И на крајот завршивме со заклучок и идеи и благодарности и како навистина би ги оствариле овие бизнис идеи.
Интервјуиран:
Арберије
Арберије размислува за зелена идеја поточно за рурален туризам во село во Дебар односно да поседува викенд куќа за социјално претприемништво – каде ќе има престој, кафе, храна, соодветни услови за преноќување, прикладен ценовник, тури за шетање до Дебарска бања, каде би се рекламирала на телевизија, би се организирале настани итн.
На сесијата оваа млада жена покажа воодушевување и почна да расмислува како нејзината идеја би се реализирала.

3. Онлајн тренинг круг одржан на 17.09.2021 година
Тренинг кругот започна согласно планираниот редослед: поздрави за добредојде, длабоко слушање, каде им раскажувавме успешна приказна. Потоа настапи тивко време каде секоја поединечно почна да размилсува во насока на некоја зелена деја. Настапи фазата рефлектирање, каде секоја учесничка споделуваше свое размислување, пропратено со гестови како воодушевување, инспирации, дури и збунетост.
Генеративен дијалог- каде повторно учесничките ги потврдија своите зелени идеи.
И на крајот завршивме со заклучок и идеи и благодарности и како навистина би ги оствариле овие бизнис идеи.

Феризат Мони – ја сака природата и патувањата. Нејзината зелена идеја се производство на цреши и продажба. Инспирирана е од убавините на Македонија.
Посета на места кои не биле познати , со недопрена природа со едукативен и забавен карактер. И од истиот бизнис би се оствариле различни бизнис средби и вмрежувања.
Феризат Мони покажа воодушевување од реализација на нејзината бизнис идеја.

Дафина
Дафина има зелена идеја за едукација на млади во природа.

Заклучок:
Од одржаните тренинг кругови, заклучивме дека младите жени имаат вештини и способности за започнување сопствен бизнис, имаат желба да се вмрежуваат и организираат средби. Исто така ми се допадна информираноста да се користат бенефитите од природата и поволностите од владините мерки за женското претпримеништво.

Вмрежување
Остварена соработка со Bridges едукативен центар.

Планирани идни активности:
Нашата партнерска организација Рурална Коалиција работи на практичен водич кој што треба да ја поттикне климатската акција токму во секторот земјоделство и рурален развој, а во рамките на проектот “Климатска акција за климатските промени во земјоделството“ финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.
Органска градина во соработка со Здружението на граѓани за социјален и економски развој ИН ВИВО – Скопје